ЧПП
Често поставувани
прашања
Одговори на најчестите прашања за нашите услуги. Не наоѓате одговор? Контактирајте нè директно.
Нудиме целосен спектар на сметководствени услуги: финансиско и материјално сметководство, изработка на финансиски извештаи, даночни услуги, е-сметководство, регистрација на фирми, пресметка на плата, деловно советување и економски вештачења.
Цените зависат од обемот и видот на услугите кои ви се потребни. Нудиме бесплатна почетна консултација при која ги утврдуваме вашите потреби и ви даваме конкретна понуда прилагодена на вашиот бизнис.
Да — поголем дел од нашите клиенти се мали и средни бизниси, трговци поединци и самовработени лица. Имаме искуство со сите форми на деловни субјекти во Македонија.
Апсолутно. Нудиме целосна поддршка при основање на ДОО, ДООЕЛ, трговец поединец. Ги обработуваме сите документи и постапки пред ЦРРСМ во ваше име.
По почетната консултација и договор, можеме да започнеме многу брзо — обично во рок од неколку работни дена. Ги преземаме сите постоечки документи и обезбедуваме непречена транзиција.
Регистрацијата на нова компанија (ДООЕЛ, ДОО, ТП) во Централниот регистар на Република Северна Македонија трае обично 1 до 3 работни дена откако ќе се поднесе комплетната документација. Доколку документацијата е уредна и комплетна, постапката може да се заврши и за 24 часа. Ние ја подготвуваме целата документација, вршиме проверка и резервација на деловното ime и ги следиме сите чекори.
Главната разлика е во бројот на основачи. ДООЕЛ (Друштво со ограничена одговорност со еден основач) основа само едно физичко или правно лице. ДОО (Друштво со ограничена одговорност) може да има од 2 до 50 основачи. Кај двете форми, одговорноста е ограничена на висината на уписаниот влог. Доколку работите со деловен партнер, се основа ДОО. И двете форми ги регистрираме во Централниот регистар на РСМ.
Работиме од понеделник до петок, 08:00 — 16:00 часот. За итни прашања, можете да нè контактирате и надвор од работното време преку е-пошта или порака.
Да. Нудиме бесплатна почетна консултација за нови клиенти при која ги дискутираме вашите потреби, ги разгледуваме вашите деловни активности и ви предложуваме соодветни услуги и ценовна структура.
Да. Изработуваме стручни економски вештачења за потребите на судови, државни органи и приватни субјекти, вклучително наоди и мислења, проценки на штети и финансиски анализи.
Имате уште прашања?
Нашиот тим е на располагање. Контактирајте нè и ќе ви одговориме во рок на еден работен ден.